СДСМ: За режимот на Груевски „ЌЕ“, значи идно време од глаголот „ЛАЖАМ“!

Од:

За жал, Режимот, кој во Прилеп во центарот за социјални работи, наместо исплата на социјална помош, тепаше социјално загрозени лица, сега манипулира и си поигрува со најзагрозените-хендикепираните лица!

Режимот на Груевски, во иднина ќе исплаќал по 7,000 ден. додаток за слепило и мобилност. Граѓаните велат, како што е пракса за ДПМНЕ – зборот „ЌЕ“, значи идно време од глаголот „ЛАЖАМ“!

За потсетување, велат од СДСМ, ваквата помош беше најавена и требаше да почни да се исплаќа пред 7 месеци, од Јули 2012. Меѓутоа, до денес, ниту едно лице, кое има потреба нема добиено, ниту денар ваква помош! Ако, по некоја случајност, сега предизборно, се почне со исплата на вакви средства, јасно е дека станува збор предизборен трик на режимот.
Впрочем, колку режимот им помога на лицата кои можат да се движат без инвалидска количка со електричен погон, кажува фактот што, ги условува да бидат студенти или вработени, за да добијат такво помагало. Останатите, немаат право на ваква помош, а повеќето се такви!
Здруженијата на лица со телесни инвалиди, треба да бидат непартиски. Денес, во Прилеп, режимот предводен од Марјан Ристески, уште еднаш покажа, дека и нив нема намера да ги остави на мира! Со уцени и закани ги партизира, поставува свои послушници на нивно чело, и ги приморува да застануваат на партиски пресови!

Лицата со хендикеп, заслужуваат директна и редовна помош од државата. Нажалост, повеќето видови социјална помош, како што е случај со „парична помош за нега од трето лице“ каснат со месеци!

Граѓаните заслужуваат вистински социјална држава, а не режим, кој тепа социјалци и народ, за личните интереси на неколку луѓе од „фамилијата“ ОТПОР!

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) СДСМ: Криминалецот Симе пука и го цитира Шешељ

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие на Филипче и СДС, во Собрание гласаа против „Безбеден град“, а сега велат да се казнат тие што сакаат да возат нерегистрирани возила и без возачка

СДСМ: Мицкоски не сака да ги покачи платите на работниците, нема веќе изговори, сè е јасно како ден

Горан Наумовски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

Тренчевска: Решението на СДСМ значи поддршка на работниците за 600 евра плата и поддршка на компаниите

Филипче – Вајц: Местото на С. Македонија е во ЕУ, не да биде изолирана и заглавена

А1он