СДСМ: Со решавањето на спорот со Грција се отвораат вратите за влез во НАТО, прашањето е иднина или изолација

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ.

„Христијан Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ остануваат изолирани во антидржавното однесување преку кое по секоја цена се обидуваат да ја закочат македонската иднина.

Со решавањето на македонско-грчкиот спор се отвораат вратите за влез во НАТО и почеток на преговорите со ЕУ. Конечниот Договор со Грција е за да може Македонија да стане дел од ЕУ и НАТО и затоа реферндумското прашање е јасно и е едно и единствено.

Прашањето на референдумот е јасно – иднина или изолација, и доколку Христијан Мицкоски има малку одговорност и сериозност, јавно ќе излезе и ќе каже за која опција навистина е.

Очигледно е, обединети се сите политички партии кои навистина се за ЕУ и НАТО, а само Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ се изолирани и се против интергација. Се обедниија сите кои се за напредок на Македонија, освен Мицкоски кој сака изолација, назадување и неизвесност. Сите политички чинители кои се за македонската иднина се одлучни и обединети, освен Мицкоски и тесното партиско раководство на ВМРО-ДПМНЕ кои сакаат назад во темното минато на криминал, насилство и неказнивост.

Без разлика на антидржавното и неодговорно однесување на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните на Македонија ќе ја искористат историската шанса за напредок. Ќе ја реализираат директната можност да бидеме рамо до рамо со големите сили, како Македонци со нашиот македонски јазик и идентитет, загарантирани и потврдени со конкретни членови во договорот од Преспа.

Никој нема да ја закочи македонската иднина. Македонците и граѓаните на Македонија ќе одлучат дека со нашиот македонски идентитет ќе станеме членка на НАТО и ЕУ и ќе го реализираме договорот со Грција“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Не глумете опозиција, објавете имиња или во спротивно сте соучесници во палењето

(ВИДЕО) Милевски: Борко да си поднесе оставка за резил олимпијадата, Македонија е посрамотена пред цел свет

СДСМ: Поради неспособност на ВМРО-ДПМНЕ ќе ни изгори државата

Горан Наумовски

СДСМ: Дали корупцијата е главен мотив за предавство на националните интереси со „Казанџи Холдинг“?

(ВИДЕО) Илиевски: Над 20 отсто од територијата на Македонија изгоре во пожари, не му оди на Мицкоски со патриотизмот

(ВИДЕО) Шукова: Скопје повторно ќе го издигнеме, со љубов кон градот и заедништво

Горан Наумовски