СДСМ: Реформите во МВР ставаат крај на партиските злоупотреби

Од:

„Владата предводена од СДСМ уште во првите сто дена од мандатот започна реформи во Министерството за внатрешни работи кои обезбедуваат поголема професионалност, транспарентност и ефикасност на полицијата, а истовремено се унапредува и статусот на полициските службеници.

Започнати се реформи на системот за следење на комуникациите преку кои ќе се гарантира независна и експертска контрола, што ќе се спроведува преку зајакнување на капацитетите за собраниски надзор. Со таквите реформи се предвидува отстранување на посредничката улога на Управата за безбедност и контраразузнавање и се елиминира можноста за злоупотреба на таа институција.

Една од клучните реформи во борбата со организираниот криминал е отворањето на Националниот координативен центар за борба против организиран криминал кој наскоро ќе почне да функционира и во него ќе бидат вклучени Управата за финансиска полиција, Управата за јавни приходи, Управата за финансиско разузнавање, Царинската Управа и Јавното обвинителство.

Реформите во полицијата предвидуваат и подобрување на условите за работа и унапредување на статусот на вработените во Министерството за внатрешни работи. Преку кратење на непотребните трошоци за ручеци и репрезентации , се ослободуваат средства за набавка на нови униформи, чизми чевли, ремени…со што припадниците на полицијата после цели десет години ќе добијат нови униформи.

Реформите во Министерството за внатрешни работи кои се дел од владиниот рефорски План 3-6-9 ја враќаат довербата во полицијата што беше нарушена во изминативе 11 години, МВР наместо сервис на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ станува вистински сервис и партнер на граѓаните. Парламентарното мнозинство и Владата предводена од СДСМ продолжуваат со остварување на дадените ветувања и спроведување на мерките што носат отворени институции, нови работни места и квалитетен живот за сите“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

МВР: Лажна е дојавата за поставени бомби во трговски центар во Скопје

А1он

МВР: Уапсени се повеќе лица дел од нив доктори на клиники и сопственици на дерматолошки ординации

Акција против нелегални медицински третмани: Полицијата во повеќе здравствени институции прави контроли

Горан Наумовски

Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе закон: двојно државјанство да немаат ниту министрите во Владата и да важи веднаш

МВР: Потврдите од платените казни од системот „Безбеден град“ граѓаните нема потреба да ги носат во полициска станица

А1он