СДСМ: Реформи во ВМРО, наместо нови лица – стара банда

Од:

Христијан Мицкоски ги отстрани сите потпретседатели во ВМРО, по примерот на Вучиќ, апсолутно да владее и со партијата, како што сака да владее со Македонија. Ги постави своите најблиски другари. Томовски – за организациски секретар, со цел да ги „организира“ односно контролира тендерите. Како оние 161 тендер за семејната фирма на Томовски. Тука е и човекот на Сашо Мијалков од службите, очигледно за контакти со руските служби – Драган Ковачки. Човекот кого НАТО го одби, кој не исполнува услови за сертификат, сега е првиот човек за Мицкоски во партијата. ВМРО се враќа во времето кога службите беа главни во партијата додека се спроведува грабеж, велат од СДСМ.

-Покрај ова, негов најблизок соработник во Владата е вицепремиерот Стоилковиќ, човек со години во служба на БИА и во интерес на руските служби. Човек кој слави со Ноќните волци и странски анти-ЕУ пропагандисти. Сега кругот е целосно затворен. Медиумите се под целосна контрола преку Орбан, со преземање на телекомуникациите и енергетиката. Го презеде МВР, Обвинителството и судовите.

Вели дека во мај–јуни ќе има реконструкција на владата за да постави уште некои свои луѓе кои му требаат. Уздите ги стави во свои раце и продолжува со ограбувањето на државата во својот најтесен круг на пријатели. Буџетот одамна е во канџите. Може да започне забрзување на процесот на целосна изолација од ЕУ. Тоа се „реформите“ во ВМРО, наместо нови лица – стара банда, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?