СДСМ: Раководниот тим на ДПМНЕ е составен од пребегнати од други партии

Од:

Социјалдемократскиот сојуз нарекувајќи го потпретседателот на ВМРО -ДПМНЕ на ОК Прилеп, Петар Ристески, поддржувач на режимот, реагираше на неговата прес-конференција.

Од СДСМ велат дека прилепчани веќе кренаа отпор против ваквото ДПМНЕ.

– Ти Пеце Ристески, како наш сопартиец и член на СДСМ, си човек кој најмалку може да коментира околу рејтинзи. За рејтинзите зборуваат само изборите, а на последните избори Марјан Ристески беше втор. Во 2011 опозицијата во Прилеп, онаа која сега и формално е во сојуз предводен од СДСМ, имаше вкупно повеќе гласови од ДПМНЕ. Ти Пеце Ристески, имаш најмалку право да зборуваш за транзицијата, тоа најдобро го знае и твоето потесно семејство. Ти Пеце Ристески, како човек кој е поставен на веќе направената советничка листа на ДПМНЕ, треба прво да се докажеш како член на ДПМНЕ! Затоа, граѓаните и вистинските членови на ДПМНЕ нема да ти поверуваат, ниту тебе, ниту на Марјан Ристески, ниту на раководството на ДПМНЕ, се вели во реакцијата.

На идните избори, додаваат од СДСМ, вистинските членови на ДПМНЕ ќе го казнат ваквото однесување на раководниот тим на ДПМНЕ, кој е составен од пребегнати од други партии, кои во ДПМНЕ се нашле, единствено заради приватни цели и интереси.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа