А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Просечната плата во образованието зголемена за над 2.000 денари за 2,5 години

by А1он11/11/2019 - 09:13153
Share0

„Како одговорна партија, СДСМ во континуитет докажува дека вистински се грижи за сите граѓани преку реализација на мерки што обезбедуваат раст на платите во сите сектори.

Добивај вести на вибер

Уште една потврда за тоа е последното покачување на платите на вработените во основното, средното и високото образование од 10 отстои веќе од 1 јануари 2020 година.

Ова воедно е трето покачување на платите на наставничкиот кадар, откако претходно две години по ред со септемвриските плати добија покачување за околу 5 отсто.

Севкупно, наставниците за еден нецел мандат на Владата предводена од СДСМ, добиваат повисоки плати за 20 отсто.

За само две и пол години од мај 2017 до август 2019 година, просечната плата во образованието порасна за 2100 денари, што е значително повеќе од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ кога за цели седум години од 2010 до 2017 просечната плата во образованието пораснала за едвај 850 денари.

Таквиот тренд на раст дополнително ќе се интензивира со растот од 10 отсто од први јануари.

За разлика од односот на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ продолжува да работи во насока на подобрување на образовниот процес вклучително и преку поставување на дигнитетот на наставничката професија на повисоко ниво, вреднување на трудот и поголема мотивација на наставниците“, соопштуваат од СДСМ.

sdsm

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Катерина Ѓуровски10/03/2026 - 13:35

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

Предраг Петровиќ09/03/2026 - 17:25

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски07/03/2026 - 14:3207/03/2026 - 14:38

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски03/03/2026 - 15:5003/03/2026 - 17:51

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

Горан Наумовски27/02/2026 - 19:39

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он26/02/2026 - 19:07
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен