СДСМ: Пропаднатиот Мицкоски се плаши од граѓаните и затоа бега од избори

Од:

„За СДСМ како одговорна и државотворна партија врвен приоритет биле и се заштитата на интересите на граѓаните и државта.

Благодарение на брзата и навремена реакција вклучително и сите мерки кои се презедоа, нашето јавно здравство одлично се справи со досегашниот тек на епидемијата.

Втора брза и навремена реакција претставуваат мерките и политиките кои овозможуваат брза трансформација на економијата и што е можно побрз процес на опоравување на економијата“, велат од СДСМ.

„Сега потребни се избори заради здравјето на граѓаните, новата економија и демократски, целосно функционални институции со полн легитимитет.

Избори кога вирусот е најмногу под контрола, со највисоки мерки на заштита и без ризик по здравјето е одговорно.

Очигледен е стравот кај Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кои бегаат од избори затоа што се плашат од соочување со граѓаните.

Сакаат незивесност, нефункционални институции, криза и закани по граѓаните.

СДСМ нема да дозволи пропаднатиот спортист и политичар Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, да ги попречат демократските процеси и вештачки да создадат криза.

СДСМ била и останува на страната на граѓаните“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он