СДСМ: Пропадна уште една гнасна лага на ВМРО-ДПМНЕ, нема никава поврзаност на семејството Заеви со акцијата за заплена на дрога

Од:

ВМРО-ДПМНЕ фејк-њуз предводена од Мицкоски по којзнае кој пат е фатена во лага. Ниту комбето кое го спомнуваат, ниту било кој од приведените во акцијата имаат каква било поврзаност со семејството на претседателот Зоран Заев се вели во соопштението од СДСМ кое е реакција на обвинувањата од опозициската партија за поврзаното на семејството Заеви со дел од уапсените во акцијата на МВР за заплена на дрога.

„Наместо да шират лаги и прават конструкции, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да одговорат на јавноста зошто токму тие го бранат Орце Камчев, за какви дела бил осуден во Германија Антонио Милошоски, која е улогата на Александар Николовски во изборите во Азербејџан за што пратеници од други држави веќе се осудени на затворска казна“ – стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

СДСМ бара итна собраниска седница за насилството врз жените и одговорност од институциите

СДСМ: Ако Алта банка е во одлична форма, како што велеа, зошто сега треба да се спасува

Филипче: Мицкоски да одговори зошто со законски измени се брише одредбата за уплата на 6% во вториот столб?

Бројките се немилосрдни и ги демантираат СДС, ДЗС вчера објави дека реалната нето-плата во септември пораснала за над 5%

СДСМ: Крпен живот, кошничката се доближи до 71.000 денари – само за храна се потребни 26.000 денари

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС продолжуваат со лагите и манипулациите за Алта банка, овој пат јавната аукција сакаат да ја претстават како тајна зделка