СДСМ: Промоција на македонските вина, храна и туризам преку Отворен Балкан

Од:

Уште една економска придобивка од иницијативата „Отворен Балкан“ е можностa за промоција на македонските вина, македонската храна и туризам, соопшти СДСМ.

Како дел од иницијативата „Отворен Балкан“ овие денови започнува Првиот меѓународен сам на вино, храна и туризам, под покровителство на владите на Северна Македонија, Србија и Албанија.

„За македонската економија ова значи обезбедување поголем извоз, откуп, нови пласмани и пазари за македонските вина и храна во регионот но, и многу пошироко, во целиот свет.

Од нашата земја ќе учествуваат 42 винарници и 3 дестилерии кои ќе се претстават со повеќе од 300 различни типови македонски вина. Македонската винска индустрија доби одлична шанса за проширување на потенцијалите за соработка со компаниите од регионот што носи бројни економски придобвки“ додаваат од владејачката партија.

Би можело да ве интересира

Дваесет и една препорака на ИЈЗ за претстојните празници во врска со прејадување, алкохол и користење пиротехника

Леб и компир најчесто на трпезата, соковите попопуларни од виното и кафето

Горан Наумовски

АХВ уништи над 624 кг. небезбедна храна, изречени се казни од над 33.000 евра

Минималната синдикална кошница за месец септември изнесува 65.077 денари

Израел: Во Појасот Газа нема глад, ова е лажна кампања промовирана од Хамас

(ВИДЕО) Денеска најмалку 25 лица загинаа во Газа чекајќи храна