А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Продолжуваме со реализација на мерките што го унапредуваат здравствениот систем

by А1он30/10/2019 - 09:46134
Share0

„СДСМ како одговорна партија ги реализира мерките што го унапредуваат здравствениот систем, обезбедуваат подобри услови за лекарите и поголема грижа за пациентите.

Добивај вести на вибер

Од овој месец целосно се укинати квотите за лекови во аптеките. Секој граѓанин сега кој било ден од месецот може да ги добие потребните лекови. Ставивме крај на редиците, на турканиците пред аптеките што беа редовна појава на почетокот на секој месец.

Ги реализаираме ветувањата за повисоки плати во здравството. Докторите сега имаат поголеми плати за 15 отсто. Повисоки плати имаат и медицинските сестри и техничкиот персонал, а таквиот тренд на раст на платите ќе продолжи и во иднина“, велат од СДСМ.

„За првпат, Владата предводена од СДСМ обезбеди средства за приватните специјализанти и одобрени се 931 специјализација за четири годишниот период. Правиме се за здравствените работници да останат во јавното здравство.

Веќе од наредниот месец, следува зголемување на бодот за капитација кај матичните лекари, стоматолози и гинеколози. Со тоа исправаме долгогодишна неправда кон матичните лекари и обезбедуваме повисоки примања.

Паралелно на тоа, инвестираме во изградба и реновирање на болници и здравствени домови, вложуваме во нова опрема и нови возила.

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ која 11 години го урнисуваше здравството заради остварување на лични бизнис интереси на поединци, денес градиме ефикасен, модерен систем на здравствена заштита.

На прав пат сме. Продолжуваме со реализација на мерките што го унапредуваат здравствениот систем, обезбедуваат поголемa грижа за граѓаните и достоинствени услови за работа на здравствените работници“, соопштуваат од СДСМ.

sdsm

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Катерина Ѓуровски10/03/2026 - 13:35

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

Предраг Петровиќ09/03/2026 - 17:25

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски07/03/2026 - 14:3207/03/2026 - 14:38

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски03/03/2026 - 15:5003/03/2026 - 17:51

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

Горан Наумовски27/02/2026 - 19:39

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он26/02/2026 - 19:07
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен