СДСМ: Примањата на војниците и подофицерите за три години зголемени за 50%

Од:

„Владата предводена од СДСМ води континуирана грижа за припадниците на Армијата како полноправна членка на НАТО.

За само 3 години, три пати ги зголемивме примањата во Армијата и тоа како за платите така и за надоместоците. Заедно со 8.000 денари за станбено обезбедување, примањата кај војниците и подофицерите се зголемени за 50%.

Платите за сите цивилни лица на служба во Армијата пораснаа за најмалку 26%, а кај воениот персонал имаме зголемување на платите за 16%. И не застануваме тука. Секоја година ќе ги зголемуваме овие износи. Стандардот на припадниците на Армијата и понатаму ќе расте“, велат СДСМ.

„Дневниот износ на надоместокот за припадниците на Армијата при вршење на стражарска служба, дежурства, служба на посебни воени објекти, извршување на задачи во кризна состојба, гранично обезбедување и трупни патувања од први јануари годинава е зголемен за 15 проценти од 610 на 700 денари, а во неработните денови и празничните денови овој износ се зголемува за 20, односно, 30%.

Овој надомест се исплаќа, пред се на професионалните војници и подофицери, а во помал број и на офицери, според услови пропишани во правилник за активности кои траат повеќе од 24 часа, најчесто континуирано и повеќе денови, а начинот на извршување бара зголемен психички и физички напор.

Во 2017 година затекнавме состојба во која пропишаниот надоместок воопшто не се исплаќаше, туку во претходните десетина години имало подолги периоди во кои надоместокот бил компензиран само со слободни денови. Тоа доведувало до голема отсутност и нарушување на континуитетот во функционирањето на Армијата.

Редовната исплата и зголемувањето на надоместокот е уште едно исполнето ветување за вистинска валоризација на напорите и трудот на припадниците на Армијата“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“