А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ Прилеп: Ристески продолжува со нерационално трошење на општинскиот буџет

by А1он09/07/2015 - 13:2691
Share0

„Со ребаланс на буџетот на општина Прилеп, локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Марјан Ристески, продолжуваат со нерационално трошење на општинскиот буџет.

Добивај вести на вибер

Постојат и бројни контрадикторности што упатуваат на можни злоупотреби на пари на граѓаните.

Јавните комунални претпријатија во извештаите доставени до Советот, прикажуваат дека работат со добивка. Но советниците на ВМРО-ДПМНЕ на завчерашната седница им доделија субвенции во висина од 22 милиона денари. Од нив, 16 милиони за Комуналец, 3 милиони за Пазари и по  милион за Водовод и канализација и за Јавно претпријатие за управување со паркинзи.

Затоа изразуваме неверување во финансиските извештаи што се доставени до Советот. Бидејќи општина Прилеп нема внатрешен ревизор, бараме надворешна ревизија, со цел да се разјасни точноста на податоците врз коишто се базира ребалансот.

СДСМ со амандман предложи тие средства да се пренаменат за подобрување на катастрофалната состојба на улиците во Прилеп, но тоа беше одбиено од советниците на ВМРО-ДПМНЕ.

Со ваквиот потрошувачки ребаланс на општинскиот буџет, дополнително се комплицира финансиската стабилност и ликвидност на општина Прилеп, бидејќи власта на ВМРО-ДПМНЕ во градот троши пари што не може да ги собере.

Градоначалникот Ристески нема доблест ни да се појави на седниците на Советот за ребаланс на буџетот, очигледно затоа што ќе треба да ги објасни погрешните приоритети и чудните ставки“, се вели во соопштението на СДСМ Прилеп.

prilepsdsm

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ11/04/2026 - 13:3411/04/2026 - 13:35

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

Горан Наумовски05/04/2026 - 13:34

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

Горан Наумовски05/04/2026 - 13:31

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

Горан Наумовски04/04/2026 - 16:03

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

Горан Наумовски04/04/2026 - 10:15

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски03/04/2026 - 11:3203/04/2026 - 11:49
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто