СДСМ Прилеп: Режимот ќе паде! Профитерите и тендерашите ќе паднат! Доаѓаат подобри денови за Прилеп и Македонија

Од:

„Господине Пеце Ристески, поддржувач на режимот, Наш бивши сопартиецу! Од човек како тебе, кој за лични и приватни интереси е спремен во секој момент, да смени партиска книшка, може да се очекува само ваков, валкан, плукачки и безидеен прес.

– За твоја информација, но пред се за пошироката прилепска јавност – Хари Локвенец е моментално во работна посета на главниот град на Германија, по покана на градоначалникот на Берлин, на сопствен трошок, да собере, знаења, вештини и умеења за успешно раководење на еден град, а секако и пост изборна соработка на економски план.

– За разлика од градоначалникот во заминување Марјан Ристески, кој со пари од прилепчани го прошета цел свет, а не заврши ниту една работа во интерес на градот и не донесе ниту една инвестиција.

– Спротивно на вас, ние сериозно се подготвуваме за локални избори, како и за успешна реализација на идеи и проекти, за достинствен живот и стандард на прилепчани.

– Те повикуваме господине Ристески, со оглед дека си поранешен член на СДСМ, да се вратиш во политичката опција која на наредните избори дефинитивно победува! Тоа впрочем, го покажаа вчерашниот протестен марш, со над 8,000 присутни. Јасно ни е и нам, а и вас, дека после вчера, имате над 8,000 причини за страв и паника.

– Тоа го покажавте со вчерашниот итен состанок на Извршниот Комитет, на кој безмалку не се испотевате. За фактот дека во страв од извесниот пораз на следните избори, Димитар Стеваанџија си ја вработи сестра му како професорка во средното медицинско.

– Јасно е! Режимот ќе паде! Профитерите и тендерашите ќе паднат! Идат подобри денови за Прилеп и Македонија“, се вели во реакцијата на СДСМ Прилеп на пресот на Пеце Ристески.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Поддршката на СДС и ДУИ за Коцевски ги фрла во вода сите нивни прес-конференции за Кочани

ВМРО-ДПМНЕ: Апасиев да каже колку пари зел од своите тогашни шефови, денес главни фигури во обвинителството?

Шукова: Верувам дека културата не е трошок, туку инвестиција во иднината на еден град

Требаше да биде кандидат на СДСМ, а му се приклучи на тимот на Ѓорѓиевски во трката на Скопје

СДСМ бара Сиљановска да не го потпишува Указот за Законите за полиција и МВР

ВМРО-ДПМНЕ: За ситни политички поени, СДС ја стави Македонија во пламен

Горан Наумовски