СДСМ Прилеп: Прилепчани му вртат грб на Никола Груевски

Од:

„Многу слабиот одѕив на граѓаните на Прилеп и малата посетеност на денешната таканаречена Комитска средба во манастирот Св. Димитрија, организирана од ВМРО-ДПМНЕ, е уште една потврда дека и прилепчани и членовите на ВМРО-ДПМНЕ му вртат грб на Никола Груевски.

Не успеваат повеќе ниту притисоците и заканите до вработените во Јавната администрација и ЈК Претпријатија по список да се појават на овие средби.

Граѓаните дознаа за огромниот криминал во изминатите години, а  членство на ВМРО ДПМНЕ знае дека партијата им е киднапирана од страна на мала група длабоко навлезена во коруптивни зделки. Затоа одбиваат да се појават на ваквите настани.

Никола Груевски е завршена приказна.

Граѓаните се свртени кон СДСМ. По април 2016 година се очекуваат промени и спроведување на нови политики во интерес на сите граѓани.

Преполната сала во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп и огромниот интерес на граѓаните на дебатата од вториот столб на Визијата за Македонија, покажува дека граѓаните масовно се приклучуваат во процесот на изградба на политиките за просперитетна Република Македонија“, се вели во соопштението на СДСМ Прилеп.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците