СДСМ Прилеп: Комуналец и Водовод во Прилеп излепени со повици за протести

Од:

„Веднаш да престанат злоупотребите на имотот на јавните комунални претпријатија во Прилеп за партиски цели.

Наплатните центри на ЈКП „Комуналец“ и ЈКП „Водовод и канализација“ кои се наоѓаат во центарот на Прилеп се излепени со повици за протести и тоа од внатрешната страна на стаклата од двата објекти.

Тоа значи дека повиците се излепени со дозвола или со знаење на вработените и директорите Златко Ристески и Сашо Николоски.

Сите што прават злоупотреби во обид да го спасат криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, ќе понесат одговорност.

Ниту една злоупотреба нема да ги спречи демократските процеси и промените во Македонија.

Доаѓа нова реформска Влада и нови одговорни власти кои ќе се грижат за реалните проблеми и потреби на граѓаните“, се вели во соопштението на СДСМ Прилеп.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски