СДСМ Прилеп: Груевски го злоупотребува и општинскиот имот – осамна на улиците

Од:

Интегрално соопштението на прилепските социјалдемократи

„Груевски ги одбројува последните мигови од неговото режимско владеење, но сепак не се откажува од навиките на злоупотреба и крадење.

Со цел да искористи се што се може, го злоупотребува и општествениот имот за лична промоција, притоа грубо прекршувајќи го законот за избори.

Имено, во пресрет на неговата денешна посета на Прилеп, градот осамна со партиски транспаренти испишани со неговото име на сите јавни улици и булевари.

Повеќе од јасно е дека општинскиот простор е отстапен во сoработка со градоначалникот Марјан Ристески и тоа само за потребите на сопствената партија, за која беше спремен со хебла да ги тепа и сопствените сограѓани.

Општинската организација на СДСМ ги повикува сите надлежни служби да преземат мерки за ваквата злоупотреба за општествениот имот“, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он