СДСМ: Прес 24 за ниту една шпекулација од ВМРО-ДПМНЕ, се нема јавено за став од нас

Од:

Порталот Прес 24, како и други провладини медиуми, со неточни информации и лаги за опозицијата се обидуваат да ги покријат огромните задолжувања на граѓаните и државата и наталожените проблеми со коишто очигледно не може да се справи власта на Никола Груевски, реагираат од СДСМ.

Портал Прес 24 за ниту една шпекулација сервирана од ВМРО-ДПМНЕ, ниту еднаш се нема јавено за став во СДСМ, иако правилото “втора страна“ е основа на професионалното новинарство.
 
Претседателот Зоран Заев, раководството на СДСМ и органите на партијата, дејствуваат според утврдена внатрепартиска агенда, а не според потребите на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ ја разбира потребата на власта да манипулира со можностите за дијалог, пред есенскиот Извештај на Европската комисија.

За СДСМ услов број еден за политички дијалог меѓу власта и опозицијата останува договорот за формирање техничка влада, којашто ќе создаде услови за спроведување фер и демократски избори.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он