СДСМ: Пред само четири години во Охрид се случи една од најголемите партиски чистки

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ, вклучително и нивниот општински комитет од Охрид сметаат дека сега откако се опозиција, граѓаните веднаш заборавиле на начинот на кој тие владееја. Можеби од ДПМНЕ потајно се надеваат дека секоја власт после нив мора да се однесува реваншистички и да спроведува партиски чистки врз невини лица само затоа што се симпатизери на некоја политичка опција. Почитувани, еднаш и засекогаш треба да им стане јасно на луѓето од ВМРО-ДПМНЕ дека таквото однесување, таквиот политички реваншизам заврши во оној момент кога граѓаните се одлучија за живот во Македонија. Падот на режимот го донесе и крајот на политичките пресметки со неистомислениците. Тоа беше идеолошка определба на ДПМНЕ. Социјалдемократскиот Сојуз верува во еднакви можности за сите, безразлика дали припаѓаат или не припаѓаат на некоја политичка опција. Секој заслужува можност со својата работа да придонесува за подобар живот за сите.

Лицемерно е, и навредливо за охриѓани кога ВМРО-ДПМНЕ зборува за партиски реваншизам знаејќи дека пред само четири години, во Охрид се случи една од најголемите партиски чистки која охриѓани имале можност да ја посведочат. Воедно сегашниот портпарол, активен професор, не успеа во 2013та да застане во одбрана на околу шеесетина негови колеги кои во еден ден беа избркани од работа без никакво објаснување, или кога нивниот тогашен градоначалник, политички неподобните ги пушташе на казнена експедиција во Косел, да работат во услови под секакво човечко достоинство.

Од ВМРО-ДПМНЕ, не можат да зборуваат за менаџирањето со градинките во градов, знаејќи какви небулози се случуваа со претходната директорка која потекнува токму од нивните редови. Од криминогени продажби на отпадниот лим при реконструкција на централната градинка, до наметнување религиозни претстави на тригодишни дечиња. Да не зборуваме за случаите кога истите овие малолетни дечиња во бројни наврати мораа да стојат по четириесетина минути да го чекаат поранешниот градоначалник Бакрачески за да му даваат аплауз.

Што се однесува до обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ за некакви бркања од работа, веројатно треба малку повеќе да се запознаат со законските и подзаконски акти кои ги носеа во изминатите 11 години, пред да излегуваат на смешни прес конференции. Уште еднаш напоменуваме дека ВМРО-ДПМНЕ единствено може да перцепира некакви партиски чистки бидејќи тоа е начинот на кој со години функционираа. Тоа време за среќа заврши со падот на нивниот режим.СДСМ луѓето ги оценува само и единствено само според тоа колку се посветени на својата работа, воедно веруваме дека кога луѓето добиваат еднакви можности, таа посветеност може само да станува поголема“ се вели во соопштението на ОО СДСМ Охрид.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Без силен член 353, тендерската коалиција ВМРО-ЗНАМ сака слободно да ги дели државните пари на свои фирми

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го смени Членот 353 со кој си се амнестираше од криминалот, сега бара негови измени

(ВИДЕО) Кузеска: Владата на Мицкоски и ВМРО нема решенија ниту одговори на проблемите со кои секојдневно се соочуваат граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Имотот стекнат со криминал мора да се конфискува без разлика кога е украден

Горан Наумовски

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски