СДСМ прашува зошто Груевски молчи за иселените 200.000 млади луѓе од Македонија

Од:

Очекувано е дека Никола Груевски, човекот кој ја киднапираше цела држава и во заложништво ја држи иднината на сите нејзини граѓани, да зборува за киднапирање и синдроми на киднапирани лица. Јасно е дека потпирајќи се на киднапираните државни институции, Груевски гледа спас за себе, за 1,5 милиони евра во кеш за продажбата на Македонска банка и за криминалите на братучедско-кумска влада што ја опустошија Македонија, се вели во реакцијата на СДСМ, по денешниот говор на премиерот Никола Груевски.

„Никола Груевски пред младите од неговата партија не проговори ни збор за иселените над 200.000 млади луѓе во изминатите неколку години, меѓу кои се и млади кои биле поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ. За причините и за одговорноста за овој проблем, којашто лежи во неговите себични политики за лични цели. Груевски се обиде да се скрие зад комедијатско – циничен настап што требаше да насмее и таму каде што и неговите знаат дека не е за смеење. Го упатуваме Груевски, ако сака да спори дали Македонија е диктатура, односно режим, да го стори тоа со меѓународниот фактор, којшто почна земјава да ја рангира меѓу хибриди, а не демократии“, нагласуваат од најголемата опозициска партија.

Би можело да ве интересира

За СДСМ, Законот за пушење е дефокус на власта

СДСМ: Изолацијата на Мицкоси во Давос покажа колку му слугува на Орбан

(ВИДЕО) Тренчевска: Без силен член 353, тендерската коалиција ВМРО-ЗНАМ сака слободно да ги дели државните пари на свои фирми

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го смени Членот 353 со кој си се амнестираше од криминалот, сега бара негови измени

(ВИДЕО) Кузеска: Владата на Мицкоски и ВМРО нема решенија ниту одговори на проблемите со кои секојдневно се соочуваат граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Имотот стекнат со криминал мора да се конфискува без разлика кога е украден

Горан Наумовски