СДСМ: Поврзаноста на партиските испостави со медиумскиот мрак е доказ за потребата од реформа на медиумите

Од:

„Партиско-фамилијарните испостави на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски во судството се поврзани и со контролата врз медиумските курири.

Слободанка Гошева Гиевска, ќерка на претседателката на Уставниот суд Елена Гошева, е директорка за регулатива и големопродажба во Телеком.

Две недели нема одговор на прашањето дали оваа позицијата во Телеком е награда за Слободанка Гошева Гиевска за послушноста на нејзината мајка, Елена Гошева?

Особено што главен и извршен директор во Телеком е кумашинот на Сашо Мијалков, Жарко Луковски.

Јавноста дозна за поврзаноста на радиото Слободна Македонија со фирмата НВСП на Владислав Стајковиќ, близок до братучедот на Груевски, Сашо Мијалков.

Сопственик на фирмата НВСП, основач на СГС, е Владислав Стајковиќ којшто е во блиска релација со кумашинот на Мијалков, Луковски.

Стајковиќ е овластено лице и на фирмата „Мобико ДООЕЛ“, каде што газда е токму Жарко Луковски.

“Курир”, “Република” и “Радио слободна Македонија” се три провладини медиуми, коишто за три години оствариле приходи од 3 милиони евра.

Затоа овие медиуми ги бранат партиски диригираните одлуки на Уставниот суд за заштита на изборниот криминал.

Ова е уште една потврда дека медиумските курири се директно поврзани со фамилијарните инсталации во судството.

Тоа е уште еден доказ зошто е потребна реформа за слободни медиуми“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он