СДСМ повикува на укинување на проектот Екстерно тестирање

Од:

„Власта на Никола Груевски продолжи да експериментира со проектот Екстерно тестирање на сметка на учениците, родителите и наставниот кадар.

Проектот и годинава се спроведува хаотично, неуко, со незаконитости и по секоја цена, со единствена цел, обезбедување послушност и контрола на наставниците и професорите.

Министерството за образование, грубо кршејќи го Законот за заштита на лични податоци, отиде до таму што јавно објави приватни податоци за учениците, датуми на раѓање, име и презиме, татковото име“, се вели во соопштението на СДСМ.

„По низата критики од речиси цела општествена јавност, Министерството за образование наместо да го намали, го зголеми стресот што најмногу се рефлектира врз учениците.

Експериментирањето отиде до таму што оваа година се јавно објавени прашањата за тестовите, по сите предмети, но тие се и до 400-тини прашања по предмет, во зависност од фондот на часови во текот на неделата. За 4 дена во неделата математика, има точно 400-тини прашања за екстерно! За 14 предмети, тоа се и до 5 000 прашања пред учениците од сите возрасти, од најмалите од 4-то одделение, до матурантите од 4-та година. Да не говориме за контроверзните и лошо формулирани прашања, што ни наставници не знаат кој е точниот одговор.

Ова не е се. Притиснатите наставници и професори, соочени со казни ако не ја погодиле оценката на ученикот,  во голем број училишта, се одлучија на спроведување годишни тестови, што го зголеми притисокот врз децата. Се случува учениците, во последните две недели од учебната година, секој ден, да имаат по еден годишен тест, додека во меѓувреме поправаат оценки и прават проекти, дури и по физичко воспитание, за да му обезбедат на наставникот оправдание е за напишаната оценка.

Капак на се е одлуката, во различни денови, да им се соопшти на учениците датумот кога полагаат екстерно и предметот по којшто се полага. На пример, за учениците кои полагаат екстерно во среда, предметот по којшто ќе бидат тестирани беше објавен, вчера, во недела наутро! Кој нема интернет, треба да појде до училиштето за да се види, или за да го види името на своето дете, на огласна табла.

Арогантната власт на Никола Груевски, не сакајќи да се откаже од оваа штетна реформа во образовниот систем, нема слух за бројните апели од психолози. За алармите дека децата се изложени на страв, паника и стрес што влијаат на нивната емотивна состојба и може да остават последици во психолошкиот развој.

Дополнително, овој проект не е незаконски. Власта ги залажува учениците дека единицата од екстерното тестирање, којашто е заведена во свидетелство, е преодна оценка. Според законот, преодни оценки се од 2 до 5. Матурантите кои ќе сакаат да студираат надвор од  државата, најдобро ќе го почувствуваат тоа.  Проблем ќе имаат и домашните универзитети, коишто, ако примат ученик со такво свидетелство, ќе се соочат со кршење на законот. Според член 45 од Законот за средно образование тие свидетелства се неважечки. Спорна е и формулата според којашто се одредува просекот на учениците, со оценките од екстерното тестирање.

СДСМ укажува дека одговорноста за сите последици од апсурдниот проект Екстерно тестирање ќе ги носат Никола Груевски и неговата власт.

СДСМ повикува на укинување на проектот Екстерно тестирање.

Власта на Груевски нека ја голтне суетноста и како што презема од Програмата на СДСМ низа мерки од економијата, нека ја прифати разумната замена на Екстерното тестирање со мерките за редовна евалуација на учениците, наставниците и училиштата преку стимулативни награди“, пишува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он

(ВИДЕО) Стевановиќ и Маричиќ: Реформите ни носат системски промени и европски фондови

А1он

ЗНАМ: Квази социјалдемократот Филипче е еден од најодговорните за состојбата во СДСМ

А1он