СДСМ: Постигнат е сериозен напредок во преговорите за нова Влада, се очекува средба меѓу Заев и Ахмети за конечен коалициски договор

Од:

Сериозен напредок е постигнат меѓу СДСМ и ДУИ во преговорите за формирање влада, а за утре е најавена лидерска средба на претседателите на двете партии, Зоран Заев и Али Ахмети, на која се очекува договор за формирање владина коалиција.

За време на викендот и денес продолжиле интензивните работни средби меѓу претставниците на СДСМ и Коалицијата „Можеме“ и ДУИ со цел креирање коалициски договор за идна стабилна влада на Република Северна Македонија.

– Тимовите на СДСМ и ДУИ интензивно работеа на создавање брз и темелен коалициски договор уште во првите денови од уставно определениот рок од 20 дена после добивањето на мандатот. Во разговорите кои се водат на ниво на генерални секретари постигнат е сериозен напредок по однос на речиси сите прашања кои водат до договор за Влада, се наведува во соопштението на СДСМ.

Со оглед на итноста и потребата од брзо ставање во целосна функција на клучните институции во државата заради справувањето со здравствените и економските предизвици поврзани со Ковид-19, се додава во соопштението, во текот на утрешниот ден ќе се одржи лидерска средба меѓу претседателите Зоран Заев и Али Ахмети, на која се очекува конечен договор за нова, стабилна, посветена влада со мандат од четири години.

– Имајќи ги предвид очекувањата за брз конечен договор, во текот на следните денови се надеваме дека ќе продолжи конститутивната седница за избор на претседател на Собранието на Република Северна Македонија. За сите нови информации од финалето на преговорите во јавноста ќе известуваат исклучиво официјални лица или прес службите на партиите, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби