СДСМ: Постапките во Министерството за здравство се водат јавно и транспарентно и согласно законите

Од:

Ништо ново во ВМРО-ДПМНЕ, нов ден нова лажна вест од белиот дворец. Партијата без идеја, без програма се потпира единствено на лажни вести и конструирани случаи, реагираат од СДСМ на прес-конференцијата на Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Постапката за доделување на договор за воспоставување на јавно-приватно партнерство за интегрирано менаџирање со иновативни решенија за хируршки зафати и здравствена заштита од болнички инфекции е процес што се водел транспарентно, согласно Законите за јавно-приватно партнерство и концесии.

Не е првпат ВМРО-ДПМНЕ да шири лажни вести за набавки во Министерството за здравство, но нивните лаги беа и официјално демантирани од официјални институции. Пред неколку месеци Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе одлука со која укажа дека нема место за јавнообвинителска интервенција во предметот за јавните набавки во Министерство за здравство.

Навикната на криминални тендери и расипништво, за ВМРО-ДПМНЕ е несфатливо дека може да се работи чесно и одговорно.

ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на деструкцијата и лажните вести, СДСМ останува посветена на развој и унапредување на здравствениот систем и правата на пациентите.“, се наведува во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ со прашање до ВМРО: „Дали сте вие нормални?“

ВМРО-ДПМНЕ: Бидејќи СДС викаат дека Филипче не е во Дубаи, да ги прашаме дали изиграва елита со Заев по луксузните алпски зимски центри Сент Мориц и Гармиш-Партенкирхен

Горан Наумовски

СДСМ: Кога ќе ја објавите фотографијата од Дубаи, лажговци?

СДСМ: Последната фаза од кампањата на ВМРО – Репресија и политички прогон

Горан Наумовски

СДСМ: Следите, а не објавуваве фотографии од Дубаи, затоа што ги нема

Политичка прозивка од ВМРО-ДПМНЕ: Нова година по дубајско време