СДСМ: Постапката во РЕК Битола била отворена и завршила со електронска аукција

Од:

„Криминалните тендери за лично богатење и договорите во четири очи беа главна одлика на раководењето на РЕК од страна на кадри на ВМРО-ДПМНЕ. Очигледно навикнати на таквата пракса, денес ВМРО-ДПМНЕ лаже и измислува непостоечки слуачи.

Не е точно дека за спомената договорот бил склучен во непосредни разговори, односно во четири очи како што лажно обвинува ВМРО-ДПМНЕ.

Како што јавно објави и РЕК Битола станува збор за отворена постапка која завршила со електронска аукција кадешто критериум била најниска цена. Истовремено, условите и критериумите за набавка на услуга или стока, не ги пропишува директорот на РЕК Битола, техничката и комисијата за јавни набавки, составени од стручни лица вработени од РЕК Битола.

Дополнително, иако неколку пати беше јавно демнатирано дека фирмата СВ инвест нема никаков деловен однос, нема никаква поврзаност со братот на премиерот и претседател на СДСМ ВМРО-ДПМНЕ продолжува бесрамно да лаже и да ја манипулира јавноста.

Тоа само говори во каков очај е западната антинароданата ВМРО-ДПМНЕ.

Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со одоговорното и домаќинско управување со енергетските ресурси и тоа што од држава зависна од увоз на струја, нашата земја денес продава вишоци на струја и затоа постојано има потреба да лаже и измислува“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Бислимоски: За две години се инсталирани фотоволтаици со иста моќност колку РЕК Битола

Орце Костов

ЕСМ: Ставен во функција Блок 2 на РЕК Битола, подготвен за работа е и Блок 1

Орце Костов

ВМРО-ДПМНЕ: Од денес во РЕК Битола не се произведува електрична енергија

Горан Наумовски

Николоски: Дали е случајно што РЕК Битола во време на Васко Ковачевски на иста фирма дава два тендери со исти суми, и двата со исти анекси од 20%

Реакција на ЕСМ за обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ

Митева: За да крадат на ископ СДС и ДУИ ја поништија набавката на механизација на Мицкоски од 2017