(ВИДЕО) СДСМ: Последиците од штетните политики, власта ги натовари врз лозарите

Од:

„Гроздоберот што почнува денеска носи уште една неизвесна година за лозарите и нивните семејства. Наводниот договор помеѓу лозарите и винарските визби, со посредство на Министерството за образование, ја зацементира маката на одгледувачите на грозје.

Откупни цени, 11 и 13 денари за сортите Смедеревка и Вранец се договорени со партизираните локални лозарски здруженија, коишто слугуваат на интересите на власта.

Сега интерес на власта е во јавноста да претстави дека проблемот е решен“, изјави Бетиан Китев.

„Ова се случува, додека мнозинството лозари, во загриженост за својата егзистенција се пресметуваат, како овој откуп ќе ги покрие нивните амортизациски трошоци, штетите што им ги создадоа лошите временски услови и што ќе остане за основните потреби за издржување на семејството. А нема да остане ништо. Посебно што доцнат и субвенциите од државата за претходните реколти, што им се загарантирани со закон, со што лозарите се доведени во ситуација на преживување.

За планирање на производството не може да стане ни збор.

Ова е понижување на макотрпниот труд на лозарот во Македонија.

Факт е дека големите временски неприлики и им нанесоа сериозни штети на земјоделците, меѓу нив и на лозарите и факт е дека власта на Груевски,  кога и одговара го зема предвид факторот “временски услови“.  Пред изборите во 2013 година власта на ВМРО-ДПМНЕ издејствува 2 денара повисока откупна цена на грозјето во обид да ги придобие лозарите.

Но сега не се избори и се може да помине. И пониски откупни цени. И барања за преструктуирање на лозовите насади, иако лозјата се повеќегодишни култури и ова е неизводливо за лозадите под овие услови под коишто работат и се третирани од државата.

СДСМ бара да престане поигрувањето со тешкиот труд на лозарите.

Власта се обидува вината за намалувањето на конкурентноста и на македонсите вина и сорти грозје и слабиот пласман на виното на меѓународните пазари да ја префрли на лозарите.

Бараме причините за ваквите состојби со лозарството и трговијата со вино власта да ги побара во своите погрешни политки што доведоа до хаос и во оваа област.

СДСМ предлага зачувување на автохтоните сорти трпезно грозје за коешто постои пласман на пазарите на европскиот пазар и редовно и соодветно субвенционирање на лозарите“, изјави на денешната прес-конференција Бетиан Китев, СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ наредната недела ќе почне со подготовки за отчетниот Конгрес, а потоа и за внатрепартиските избори

Оставки по поразот – И Лукаревска заминува од потпретседателското место во СДСМ

Анита Петровска Рајковиќ

Деспотовски: Пропуштивме огромна шанса да го направиме првиот чекор кој почнува со одговорност од врвот

Орце Костов

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ

ВМРО-ДПМНЕ 227.944 гласови, СДСМ 77.658 гласови од 63% обработени избирачки места

Орце Костов

ВМРО-ДПМНЕ со голема предност пред СДСМ, покажуваат бројките на партијата