СДСМ: После сите скандали Милошоски да си даде оставка

Од:

Антонијо Милошоски е недостоен да ја извршува пратеничката функција и после сите скандали треба да си поднесе оставка. Со години Милошоски е пратеник кој не сработел ништо за граѓаните, но затоа безброј пати ја злоупотребувал собраниската говорница велат од СДСМ.

– Последно, тој безобразно и дрско ја злоупотреби и позицијата претседател на собраниската комисија за надворешни работи. Антонијо Милошоски е осудено лице во Германија, близок соработник на Груевски, обвинет во случајот Моќник, главен предводник на политички мотивираната лустрација и докажан извор на лажни вести. Истиот тој Милошоски, го нарекуваше Блаже Конески „џуџето од Небрегово“ и нарачуваше лустрација на македонскиот книжевник Славко Јаневски. Милошоски е само една од многуте потврди дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се менува, дека тоа е партија која продолжува да работи на штета на граѓаните, се наведува во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Платформата 12:05 ги достави предлозите за промени во СДСМ

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ затоа што не сака европско обвинителство

СДСМ бара итна смена на Стоилковиќ: Го обвини за учество во кампања за Вучиќ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Нивниот став личи како да е дојден од некоја испорака од „Али експрес“, Мицкоски за обвинувањата од опозицијата

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он