СДСМ: Поради партиска поврзаност со ВМРО-ДПМНЕ, Гошева и Јосифовски да поднесат оставки

Од:

„Поради партиска поврзаност со ВМРО-ДПМНЕ, кај судиите во Уставен суд, Елена Гошева и Јован Јосифовски, постои конфликт на интереси и тие треба да поднесат оставки на функциите.

Партиските послушници на Никола Груевски во Уставниот суд немаат морален ниту правен кредибилитет да одлучуваат непристрасно и законски.

Ќерката на Елена Гошева, Слободанка, е директорка за регулатива и големопродажба во Телеком, кадешто главен извршен директор е кумашинот на Сашо Мијаков, Жарко Луковски.

Слободанка Гиевска односно Гошева била потпретседателка на подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ, УМС.

Сопругот на Слободанка, Игор Гиевски, е поранешен претседател на УМС на ВМРО- ДПМНЕ, сега член на Управниот одбор на ЕВН, именуван од владата.

Ѓорѓи Гошев, маж на Елена Гошева, бил поранешен директор на Студентскиот центар, назначен од ВМРО-ДПМНЕ.

Другата ќерка на Елена Гошева, Бојсна Гошева, работи во Агенција за електронски комуникации.

Но, овде не застануваат партиските инсталации на ВМРО-ДПМНЕ во Уставниот суд.

Судијата Јован Јосифовски и неговото семејство се исто така тесно поврзани со ВМРО-ДПМНЕ.

Од 2006-та до 2011 година Јосифовски бил претседател и член на ДИК од ВМРО-ДПМНЕ. Како член на ДИК, Јосифовски учествувал во избори што се предмет на кривично-правна истрага за изборни нерегуларности.

За Уставен судија, Јосифовски е предложен од Илија Димовски, односно од ВМРО-ДПМНЕ и во отсуство на пратениците од опозицијата е избран во 2012 година.

Дополнително, синот на судијата Јован Јосифовски, Борис, е генерален секретар во Кабинетот на Ѓорѓе Иванов, од ВМРО-ДПМНЕ.

Да имаа Елена Гошева и Јован Јосифовски морален, личен и професионален интегритет самите ќе поднесеа оставки или ќе се иземеа од одлучување.

Срамната одлука на Уставниот суд не може и нема да го заштити Никола Груевски и неговите соработници од изборниот криминал.

Секој што го прекршил законот ќе одговара“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ