СДСМ: Поради неспособност на ВМРО-ДПМНЕ ќе ни изгори државата

Од:

Цела Македонија повторно гори. Поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ во пожари изгоре 20% од вкупната површина на шуми и пасишта. Тоа не е патриотизам тоа е предавство на сопствената држава. Кај оваа влада е одговорноста, потфрли во заштитата на имотот, природата, граѓаните. Од изминатата седмица, активни се над 100 пожари на територијата на цела држава. Гори во Берово, Радовиш, Василево. Веќе втора недела гори и Прилеп, Македонски Брод, Крива Паланка, Зелениково, Карбинци, Куманово, Липково, Гостивар, Желино, Старо Нагоричане…,тврдат од СДСМ.

„Наместо координирана интервенција и силно делување за гасење на огнената стихија гледаме тотална незаинтересираност и неорганизираност од страна на владата на ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните се оставени сами на себе да се справуваат во огнот. Општина Берово во изминатите денови е исто така оставена сама на себе, додека пожарот беснее на планината Готен. Само неколку пожарникари храбро се борат со огнената стихија, длабоко во планината, без никаква реална поддршка од државата. Ова е срамно и недозволиво.

Секој ден се најавува помош, но помош досега никако да пристигне. Општината беше приморана да повика на мобилизација на локалното население и да побара помош од соседните општини за да спречи огнот да дојде до населените места како Владимирово и Русиново. Минатата година, Христијан Мицкоски ветуваше ревизија и модернизација на системот за заштита од пожари. Денес гледаме целосна деградација на тој систем.

Наместо нови противпожарни возила – се купуваат службени мобилни телефони за 7 милиони евра. Наместо авиони за гасење пожар и пилоти – владата расфрла пари на приватни летови, луксузни хотели, скапа морска храна, папаја и манго. Наместо вработување пожарникари – се составуваат партиски списоци за вработувања во институциите. Не е патриотизам да оставиш имоти, шуми, пасишта да изгорат. Тоа е предавство, нагласуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ДЕА доставила податоци до македонското и српското обвинителство за скандалот со пет тони дрога

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Со денови нема одговор како 5 тони дрога поминаа преку македонската граница, нема приведени, нема осомничени

Горан Наумовски

СДСМ: Реформи во ВМРО, наместо нови лица – стара банда

(ВИДЕО) СДСМ: Криминалецот Симе пука и го цитира Шешељ

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие на Филипче и СДС, во Собрание гласаа против „Безбеден град“, а сега велат да се казнат тие што сакаат да возат нерегистрирани возила и без возачка

СДСМ: Мицкоски не сака да ги покачи платите на работниците, нема веќе изговори, сè е јасно како ден

Горан Наумовски