СДСМ: Поради необјавување на резултатите од анализата на водата – Мицкоски и Клековски шират паника

Од:

Недели по ред противречни изјави на Мицкоски, Клековски, Тошковски, Ангелов и други за состојбата со водата во Гостивар. Прво – никој не реагираше на анализите и дозволија цел град да се отруе.
Потоа Мицкоски објави дека водата е „технички исправна“ и дека луѓето можат да ја користат. Ниту едно стручно лице. Ниту еден документ. Ниту една анализа. Ниту една институција што тоа го потврдува. Само изјава на Мицкоски. Во меѓувреме, Тошковски најавуваше дополнителни хиперхлорирања. Потоа министерот Клековски изјави дека во водата има бактерии. Тошковски во исто време тврдеше дека може да се користи за капење и како техничка вода, додека повторно се прави хиперхлорирање – процес во кој водата е забранета за употреба, велат од СДСМ.

– Потоа Клековски повторно рече дека водата е технички исправна. Ангелов изјави дека не е. На крај Клековски објави дека дури на 20 август ќе ги има првите резултати дали водата е исправна за пиење. Шест дена порано, на 14 август – еден ден пред враќањето на Мицкоски од „научната“ екскурзија – водата беше пуштена со здравица од полицаецот Ангелов и коментар дека е „вкусна“. Така изгледа управувањето со криза според Мицкоски и оваа власт. До денешен ден немаме:

• ниту едно стручно лице,
• ниту една институција задолжена за контрола на водата,
• ниту едно овластено лице од институциите,
• ниту еден документ со кој се потврдува дека водата е исправна.

Мицкоски, Клековски, Тошковски, Ангелов, прес-конференциите на ВМРО-ОКГ, изјавите на портпаролите Манасиевски и Петрушев – директно создаваат недоверба кај граѓаните и шират паника и страв. Ако е сè исправно – зошто ВМРО и Мицкоски не го објават документот и со тоа ја затворат целата работа? Зошто со недели ништо не се објавува, а во општеството нормално се јавува несигурност и недоверба? Очигледно документ или нема, или не смеат да го покажат, нагласуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

(ВИДЕО) Мицкоски: Судскиот процес во рамки на правосудниот испит ќе се симулира на македонски јазик

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата