СДСМ: Поптишани договори за изградба на 11 нови градинки

Од:

„Владата предводена од СДСМ посветено работи на остварување на заложбите за обезбедување квалитетни и достојни услови за раст и развој на децата.

Со поддршка од Министерството за труд и социјална политика, годинава ќе се градат 11 нови градинки во различни делови од Македонија, со што ќе се намали недостигот на згрижувачки капацитети за децата.

Потпишани се договори за изградба на градинки во општините Ѓорче Петров, Куманово, Кавадарци, Брвеница, Босилово, Врапчиште, Шуто Оризари, Демир Капија, Штип, додека во општина Гази Баба ќе се градат две градинки.

Со тоа, капацитетот за згрижување на деца се проширува за вкупно 860 деца, а ќе се отворат и најмалку 100 нови вработувања. За оваа намена обезбедени се над 85 милиони денари од буџетот на Министерството за труд и социјална политика.

За година и половина владата предводена од СДСМ заедно со министерството за труд и социјална политика го реализираа планот за изградба на 24 градинки, од кои поголемиот дел се веќе ставени во функција. Истовремено обезбедени се над 1.000 вработувања на кадар во градинките од кои поголемиот дел е на неопределено време.

Освен зголемување на капацитите и зајакнување на кадарот, покачени се и платите во детската заштита. Сите 4.300 вработени, со септемвриската плата во 2018 година, добија покачување од 5 отсто, а за оваа година предвидено е ново покачување на платите од 5 отсто.

Обезбедувањето на квалитетни услови за раст и развој на децата, надминување на проблемот со места за згрижување и унапредување на условите за работа на негувателките и воспитувачките остануваат еден од врвните приоритети на Владата предводена од СДСМ која продолжува со спреоведување на мерките што се во интерес на граѓаните“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски со владин авион на море – работниците на протест со празни џебови

Катерина Ѓуровски

Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он

СДСМ: Сите молчат – овој гласен молк е најсилна потврда дека нарко скандалот води до врвот на Владата на Мицкоски

А1он