СДСМ: Пописот е важна статистичка операција, повикот за бојкот е повик за кршење на законите

Од:

„Законот за попис на населението овозможува оваа пролет, по речиси 19 години, во државата да се спроведе попис согласно меѓународните стандарди и прописите на Евростат.

ВМРО-ДПМНЕ како и секогаш кога се носат битни законски решенија за државата и граѓаните се однесува деструктивното, неодговорно и антидржавно“, вели СДСМ.

„Бојкотот и повикувањето за бојкот на пописот од страна на ВМРО-ДПМНЕ предводена од губитникот Мицкоски значи и повикување на кршење на законите.

Тоа е апсолутно апсурдно и секако прв случај што можеме да го видиме во Европа и светот.

Да биде појасно, пописот е статистичка операција, а не избори, на пописот не се гласа, нема губитници и затоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нема потреба да се плашат од одржувањето на пописот.

Победници од пописот ќе бидат граѓаните, компаниите, институциите, кои конечно ќе имаат на располагање точни и веродостојни податоци, неопходни за планирање, креирање на политики и стратегии.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски остануваат на спротивната страна од интересите на граѓаните и државата, но нема да спречат одржување на попис согласно меѓународните стандарди и пракси“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“