СДСМ: Попис на населението ќе има напролет, блокадите на ВМРО-ДПМНЕ нема да успеат

Од:

„СДСМ и парламентарното мнозинство се посветени на носење на Законот за попис со кој во 2021 година ќе се одржи попис кој е неопходен за развојот на државата.

Со предлог Законот за попис, имаме за цел, оваа статистичка операција, сега и во иднина да не се третира веќе како политичко прашање.

Тој погрешен концепт на ВМРО ДПМНЕ, пописот да биде политичка операција се потврди како погрешен во 2011 година и затоа пописот пропадна и залудно се потрошија народни пари“, велат СДСМ.

„Неконструктивната опозиција и сега е против одржување на попис. Деструктивната ВМРО-ДПМНЕ на чело со Мицкоски нема што друго да понуди, па само прави блокади.

Во собранието ВМРО-ДПМНЕ ги блокира дополнувањата на Деловникот ги блокира измените на Законот за здравствена заштита, Законот за внатрешни работи, едноставно опозицијата блокира се што е во интерес на граѓаните и државата.

Нашата држава е единствена во регионот и пошироко, која нема организирано попис 18 години.

Релевантни и точни статистички податоци за нашето население им се неопходни на граѓаните, институциите, бизнисот и науката, неопходни се за развојот и растот на економијата.

Затоа попис напролет ќе има.

СДСМ ќе продолжи да работиме за доброто на сите граѓани, а ВМРО-ДПМНЕ остануваат сами, блокирани, изолирани во белата палата во стечај, да ги бројат своите порази“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он