СДСМ: Поминаа три години откако граѓаните целосно го разобличија МВРО-ВМРО

Од:

„Поминаа три години од денот кога целата јавност слушна како ВМРО-ДПМНЕ го злоупотребувало Министерството за внатрешни работи и како поранешната министерка Гордана Јанкулоска се обидува да го сокрие убиството на Мартин Нешкоски и како се нервира откако не успеала да го сокрие бруталното убиство на младо момче во центарот на Скопје.

11 години ВМРО-ДПМНЕ ја злоупотребуваше полицијата којашто наместо сервис на граѓаните беше сервис на Никола Груевски и фамилијата за пресметка со неистомислениците и заштита на криминалот, а МВР го претвори во МВРО-ВМРО.

Петти мај 2015 останува запаметен како денот кога граѓаните целосно го разобличија МВРО-ВМРО и насилството на полицијата во служба на фамилијата.

Јавноста никогаш нема да ги заборави злоупотребите на ВМРО-ДПМНЕ кон припадниците на полицијата и никогаш повеќе нема да дозволи такво нешто да се повтори. ВМРО ДПММЕ секојдневно покажува дека нема капацитет да ги надмине политиките на омраза, поделби, насилство и закани што беа одлика на Никола Груевски. Наместо ВМРО-ДПМНЕ да живее во минатото, треба да научи од тоа црно минато како не треба да се владее, како не треба да се однесува кон граѓаните, кон припадниците на полицијата, кон државата.

Процесот на реформи и ослободување на институциите започнат од Владата предводена од СДСМ обезбедува професионализација и департизација на Министерството за внатрешни работи и другите институции. Денес, МВР работи независно, професионално и неселективно во одржување на безбедноста. Полицијата повеќе не е инструмент на ниту една партија туку е вистински сервис, заштитник и пријател на граѓаните и секојдневно ја враќа довербата којашто 11 години беше постојано поткопувана“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ и од Единица за кибер безбедност, апел од МВР за внимателност

Се појавија лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ – МВР апелира да не се споделуваат лични податоци

А1он

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он