СДСМ: Поканата за влез во НАТО е историски успех

Од:

„Остварен е уште еден историски успех на Македонија и нејзините граѓани. Република Македонија доби покана за влез во НАТО.

СДСМ им честита на сите граѓани. Заедно успевме. Вратите на Алијансата се отворени, обезбедено е местото на Македонија во НАТО.

Влезот во НАТО е остварување на врвните стратешки цели на Македонија, поставени уште од денот на нејзиното осамостојување. Се оставруваат децениските заложби на претходните и сегашните генерации, се обезбедува стабилноста, развојот и иднината на наредните генерации.

Членството во НАТО не значи само обезбедена сигурност и стабилност, тоа значи и повеќе инвестиции, зајакната меѓународна доверба во македонската економија, нови работни места и повеќе пари во секое семејство.

После години изолација, неизвесност и стагнација, денес вратите за членство во НАТО и започнување преговори со ЕУ се отворени, македонскиот идентитет и иднина се обезедени. Македонија станува дел од семејството на кое му припаѓа.

Добар глас за нашата земја се шири низ демократскиот свет. Позитивните вести за Македонија се на насловните страници на светските медиуми и влијателните новинарски агенции.

Успехот на Македонија е препознаен и признаен. Македонија оди напред!“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Николовски: Власта крие, ИПАРД програмата е стопирана

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?

(ВИДЕО) Кузеска: Македонија е на дното по стандардот на живеење, власта не ни помислува на покачување на платите

А1он

Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

СДСМ: Дали и министерот Трипуновски е замешан во корупциската шема на Стоилев?

А1он