СДСМ: Подредена улога на Македонија во односите со соседите

Од:

Комисијата за надворешни работи на СДСМ, на својата денешна седница расправаше за односите на Република Македонија со соседните држави, во светлината на некои актуелни настани.

Комисијата на СДСМ ја изразува својата огорченост за несериозното и непрофесионално однесување на Министерството за надворешни работи, кога се работи за настани за кои граѓаните и медиумите на Република Македонија информации добиваат од странски функционери и медиуми, а се од суверен интерес за нашата држава.

Така, во врска со преговорите за билатералниот договор за пријателство со Бугарија, информации доаѓаат само од бугарска страна. Според едната информација, од 2 февруари, во преговорите нема никаков напредок. Додека на 12 февруари бугарската страна потенцира дека е определена дата за преговори. Вчудоневидува дека Министерството за надворешни работи на Република Македонија за оваа значајна национална и државна тема не дава никакви информации. Особено заради инсистирањето на бугарската страна „дека Декларацијарта од 1999 година и нејзиниот дух и содржина треба да се прелеат во соодветен договор, кој ќе се подготви“.

Комисијата на СДСМ, без можност да ги провери овие наводи за тоа дали Македонија прифаќа „духот и содржината“ да се прелеат во Договор, смета дека некои елементи треба да се допреговараат за – Македонија и Бугарија во него да добијат рамноправен статус како два меѓународни субјекта.

Скоро идентична е ситуацијата со индолентноста и неангажираноста на македонската дипломатија во актуелните настани околу сукцесијата на имотот на поранешната Федерација, кога нашиот северен сосед информира дека продава огромни количини на оружје и опрема на поранешната ЈНА, имот кој согласно Меѓудржавниот договор од јуни 2001 треба да се подели меѓу државите наследнички, според утврдените критериуми. Да се надеваме дека на најавената заедничка седница на Владите на Македонија и Србија, оваа и други теми ќе бидат достојно третирани бидејќи се од директен интерес на Македонија.

Овие примери, само докажуваат дека, актуелно, во билатералните односи со соседите Република Македонија е во подредена улога и дека надлежните владини органи не се дораснати за одбрана на државните интереси.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Македонија претпоследна во Европа по минимална плата

А1он

(ВИДЕО) Мицевски: Колашинац не е било кој бизнисмен, со Филипче и браќата Заеви се журкаше во Дубаи

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ лаже, Филипче ниту го поседува ниту го поседувал возилото Ауди

(ВИДЕО) СДСМ: „Пониква“ не е соодветна, власта импровизира со здравјето на повредените од Кочани

А1он

СДСМ: Колку докази исчезнаа додека Тошковски и Јанев ги штитеа полицајците кои сега се приведени?

А1он

СДСМ: Мицкоски повторно промовираше наши проекти, овој пат обновата на патот Охрид-Свети Наум