СДСМ поднесува иницијативата за вонредна седница на Советот на Скопје за загадениот воздух

Од:

„СДСМ денеска ќе поднесе иницијатива за вонредна седница на Советот на Град Скопје за загадениот воздух во главниот град“, велат од партијата.

„Дополнително, СДСМ преку советничката група во Совететот предлага и конкретни мерки за намалување на загадувањето во Скопје:

1. Итно зголемување на бројот на автобуси на сите линии во јавниот градски превоз.

2. Воведување бесплатен превоз за сите граѓани во Скопје.

3. Итна пренамена на пари во Буџетот на Град Скопје, за зголемување на средствата за борба против загадувањето.

4. Финансиска помош за училиштата за адаптирање на системот за затоплување на еколошки енергенси, (замена на котлите во системот на затоплување).

5. Изготвување акциски план за чистење на сите депонии во Скопје.

6. Чистење/миење на улиците и јавните површини со помош на цистерни.

7. Безусловно интензивно постапување на инспекторите во вршењето на својата должност.

Загадениот воздух во главниот град изминатите денови е на алармантно високо ниво.

Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција во Скопје со Левица и Арсовска не преземаат ништо за загадувањето во главниот град.

Потребна е посебна, вонредна седница на Советот на Град Скопје на којашто ќе се разговара за решенија и мерки за намалување на загадувањето, за што СДСМ има и подготвени мерки кои ги предлага.

Противењето на ВМРО-ДПМНЕ да се свика вонредна седница на Советот на Град Скопје за загадениот воздух е неодговорно и само го покажува вистинското лице на оваа партија.

ВМРО ДПМНЕ мисли само на тендери и провизии, за граѓаните воопшто не се грижат“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он