Барањето за свикување итна седница на Собранието стигна кај Џафери

Од:

Барањето за свикување на итна седница го поддржале 35 пратеници и е пристигнато во кабинетот на претседателот на Собранието, Талат Џафери. Тие бараат на седницата да потврдат одлуките на претседателот на државата, Стево Пендаровски за прогласување на вонредна состојба.

Пратениците кои бараат свикување на седницата се повикуваат на Уставот и членот 63 став 4 во кој е наведено дека мандатот на пратениците може да се продолжи во услови на вонредна и воена состојба.

„На седницата која би била свикана, Собранието конечно ќе има можност да ја оствари својата уставна надлежност согласно членот 125 од Уставот, да ги потврди одлуките за прогласување на вонредна состојба кои ги донесе Претседателот на Републиката. На овој начин Собранието ќе биде доследно на приоритетот кој со уставните одредби му е даден во прогласување на воена или вонредна состојба и нема да дозволи извршната власт да ја има комплетната контрола над уставните процеси за носење одлуки за прогласување и продолжување на вонредната состојба“, стои во објаснувањето потпишано од 35 пратеници.

Поддршка на барањето дале пратеници од сите политички партии, освен ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски