СДСМ: Под закрила на Чулев, Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ кршат мерки и протоколи за заштита од коронавирусот

Од:

„Христијан Мицкоски и функционерите на ВМРО-ДПМНЕ, во време на криза, покажуваат самоволие, прекршуваат мерки и забрани и ги злоупотребуваат институциите за лични и партиски интереси.

Иако целата јавност го виде Мицкоски како влегува во затворен фитнес центар во придружба на припадници на МВР од кои дел носеа ракавици, сепак за министерот на МВР, Наќе Чулев тоа беше отсјај од светлото.

Под закрила на Чулев, Мицкоски набрзо покажа уште едно непочитување на мерките и седна во затворена кафеана, каде два часа им се криел на инспекторите во контрола, заедно со Љупчо Андоновски, советник на Чулев, со кој седел на маса и кроел план како да се спаси“, велат од СДСМ.

„По примерот на својот шеф и портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Димче Арсовски, покажа дека не ги почитува забраните и протоколите.

Во време на полициски час, доцна навечер, спротивно на сите забрани, патувал од Струмица за Скопје, правдајќи се со наводни „службени должности“.

Повеќе од јасно е дека Димче Арсовски злоупотребува дозволи за движење за приватни потреби, знаејќи дека и тој како Мицкоски е под заштита на Чулев.

Очигледно е дека единствената работна задача на министерот од ВМРО ДПМНЕ во техничката Влада, е да ги штити партиските пријатели, и да ја злоупотребува полицијата за притисоци и закани, како што тоа го направи во Струмица, кога со часови во полициска станица, држеа и им се закануваа на млади волонтери кои делеа пакети во хуманитарна акција.

Граѓаните знаат дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ единствено нудат лажни вести, деструкција, злоупотреби на институции и конструирани случаи и затоа нема да дозволат враќање на режимот“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел