СДСМ: Почна ослободувањето на институциите што ВМРО-ДПМНЕ ги партизираше и злоупотребуваше

Од:

СДСМ денеска соопшти дека заврши времето на партизирани и заробени институции кои наместо во служба на граѓаните, како што наведува, работеа во служба на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски.

– Согласно реформскиот План 3-6-9 на Владата предводена од СДСМ, почнат е процесот на ослободување и професионализација на институциите заробени и злоупотребувани од страна ВМРО-ДПМНЕ. Таквиот процес ќе продолжи и по локалните избори кога ќе се ослободат и институциите на локално ниво, наведува СДСМ.

Според партијата, реформите во администрацијата гарантираат вистински професионален, слободен и независен сервис на граѓаните и државни институции што ќе работат во интерес на граѓаните и државата, наместо во интерес на политичарите и партии како што правеа ВМРО-ДМНЕ и Груевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага