СДСМ: Почитувањето на мерките и протоколите се најдобриот начин за заштита од коронавирусот

Од:

„Почитувањето на мерките и протоколите се најдобриот начин за заштита од коронавирусот, оние кои ќе ги прекршуваат ќе се соочат со санкции. Целиот медицински персонал веќе седум месеци е во првите борбени редови во одбрана од коронавирусот и заштита на колективното здравје во државата. Здравствениот систем и сега во есенскиот бран на коронавирусот и растот на бројот на инфицирани е подготвен, да се бори и ќе се бори со вирусот. Состојбата со коронавирусот е многу сериозна, а во која насока ќе одиме и колку брзо ќе се стабилизира и овој удар на вирусот зависи од однесувањето на граѓаните и почитувањето на сите мерки и препораки. Носењето заштитна маска, одржувањето физичко рстојание од два метри и честото миење и дезинфекција на рацете се клучни во борбата со коронавирусот.

Владата предводена од СДСМ, на барање на инспекцискиот совет усвои измени на Законот за заштита на население од заразни болести. Со овие измени сите инспекциски служби добиваат нови, поголеми овластувања за справување со прекршителите на ковид протоколите. Со новите законски измени, овластување за изрекување на забрана за работа и прекршочен платен налог ќе добијат и Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд, Државниот инспекторат за транспорт и другите инспекторати на централно и локално ниво. Доколку инспекторите утврдат прекршување на здравствените протоколи, ќе имаат овластување на лице место да изречат привремена забрана за вршење на дејноста од 10 до 30 дена на правните субјекти. Заштитата на јавното здравје е врвен приоритет. Во овој период од исклучителна важност е почитувањето на сите здравствени ковид протоколи за да се заштити здравјето на секој граѓанин“, пишува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Молкот на власта за скандалот со 5 тони дрога е потврда дека се штитат виновните

СДСМ: Нова слика на Мицкоски – старо друштво

СДСМ: „Буџетот не е во најдобра состојба“ – оваа изјава на Божиновска е доказ дека фалат 2 милијарди евра

А1он

СДСМ: За да се впушти во борба против криминалот и корупцијата Мицкоски треба да се уапси самиот себе

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Пет тони дрога поминале низ Македонија, кој ќе одговара за картелскиот скандал?

СДСМ: Скандал со повлекувањето на Кедев, дали Жан излезе со клевети за Филипче за да се спаси

Катерина Ѓуровски