(ВИДЕО) СДСМ: По кој девизен курс се спроведува наплатата на патарините?

Од:

Дека во Македонија ниту има правна држава ниту функционираат институциите, говори очигледната злоупотреба на патарините. На патарината Градско Велес, патник платил во евра, 1,5 евро. Но издаден му е билет како да му се наплатени 60 денари! Тоа се дури 30 денари повеќе во касата на наплатната станица, од само еден билет, вели Хари Локвенец.

Овие фискални сметки, на патарините Петровец Скопје, Велес Петровец, покажуваат дека за платени 1 евро, се откуцуват 40 денари. За наплатени 1,5 евро, на билетите стои сума од 80 денари.

Patarini

Уште повпечатлива е разликата кај товарните возила и автобуси. На пример, за користење на автопатот Куманово – Миладиновци треба да се плати 150 денари. Но, во евра – 3,5 евра! Тоа значи разлика од неверојатни 60 денари, по билет!

-По кој девизен курс се спроведува наплатата на патарините?

-Дали некоја менувачница ќе можеше да замисли да работи своеволно, на ваков начин?

-Дали е ова намерно направено за да се дојде до евра по понизок девизен курс што во менувачниците ќе бидат заменети во денари, со што останува добивка од околу 30 проценти?

-И, клучно, каде завршуваат овие пари? Во чии џебови? Лични, или за полнење на празната буџетска каса? Или комбинирано?

Власта на Груевски има обврска да објасни дали е ова јавна кражба на патниците и за кои цели?

Во годишната програма на јавното претпријатие за патишта за 2014 година, не е наведено дека е потребно поскапување на патарините. Ниту ВМРО-ДПМНЕ најави во својата изборна програма качување на цените.

Повисоките патарини, цени за регистрации на возилата во ек на туристичка сезона, и уште неколку други поскапувања што за краток период ги шокираа граѓаните, покажува дека целта е да се дојде до пари преку се што ќе се стигне.

И регистрацијата, за сите категории возила е покачена во просек по 500-тини денари, што е исто така поскапување од околу 30 проценти. Невидено досега. Од околу 700-тини илјади возила, колку што се проценува дека има во Македонија, тоа се неверојатни 350 МИЛИОНИ ДЕНАРИ земени од граѓаните!

Ако намерата е, како што велат, инвестиции во патиштата, тогаш власта треба да им одговори на граѓаните во државава, каде се нивните пари од регистрациите и патарините во 8 годишното владеење на Груевски, со оглед на тоа што патишта нема?

СДСМ бара Никола Груевски и неговата Влада да им ги дадат овие одговори на граѓаните на чијашто сметка се расфрлуваат и се богатат, додека сиромаштијата кулминира.

Patarina, Veles-Gradsko

Patarina, Skopje-Petrovec

Patarina, Petrovec-Veles

Patarina, Petrovec Skopje

Patarina, Gradsko-Veles

Би можело да ве интересира

Раководството и сите членови на Извршниот одбор на СДСМ поднесоа оставки

А1он

Филипче најави парцијално освежување на тимовите во делот на раководството на СДСМ

А1он

(ВИДЕО) Огњеновиќ: СДСМ поднесе пријава до ДКСК за тендерите од девет милиони евра, заедно со сите докази

Горан Наумовски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Вториот вработен во фирмата со тендри од девет милиони евра поврзан со УБК на Мијалков и уништувањето на опремата, објави СДСМ

Арсовски бара јавно извинување од СДСМ и нагласува дека нема никаква поврзаност со фирмата „Дигитал оне“

Катерина Ѓуровски