СДСМ: По црната листа на Стејт департментот, оставки треба да дадат Николовски и Мицкоски

Од:

Од СДСМ преку соопштение реагираат на денешната прес конференција на Александар Николоски од ВМРО ДПМНЕ.

„Стејт департментот на црна листа го стави осудениот криминалец во бегство и ментор на Мицкоски и Николовски, криминалецот во бегство, Никола Груевски.

По сите признанија, по сите судски пресуди, оставка треба да си даде Христијан Мицкоски и никогаш повеќе да не се бави со политика.

Мицкоски беше близок соработник на Груевски во време на режимот, а многу поранешни соработници на некогаш на Груевски а сега на Мицкоски се осудени за сторени криминали, а дел од нив и самите пред судовите признаа какви кривични дела биле правени.

И самиот Александар Николовски е дел од некогашниот режим, а денес докажан извор на лажни вести и тој како и Мицкоски треба да си поднесе оставка од функцијата пратеник во Собранието“, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски