СДСМ: Петмина уапсени во Брвеница, Мицкоски има фотографија со еден од нив

Од:

„Денеска МВР соопшти дека пет лица се уапсени во Брвеница при што е најдена дрога, оружје и поголема количина пари. Меѓу уапсените е и С.З, познат како Симе, криминалец, близок до ВМРО“ соопштија од опозициската СДСМ.

Од партијата прашуваат „Дали е случајно што токму премиерот Христијан Мицкоски има слика со него?“.

„Криминални тендери, корупциски скандали со фамилијарни фирми, криминал со ИПАРД програмата, сега и тешки криминалци. Прво корупција сега и чист криминал. Сигурно Мицкоски ќе каже дека било случајно и дека не се познаваат. Ништо не е случајно“ е ставот на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Очекуваме дизелот да поевтини за 2,5 , а бензините за 1,5 денари

Антимон од рудник во кривопланечко ќе се извезува во САД, најави премиерот

(ВИДЕО) Мицкоски: Ги информиравме сојузниците во НАТО и ЕУ за обид за дестабилизација од опозицијата на протестот на студентите

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците