СДСМ: Пет нови градинки за згрижување дополнителни 760 деца

Од:

„Мерките и политиките на СДСМ и Владата која ја предводи во континуитет покажуваат и докажуваат дека сме на прав пат.

Заложбите во детската заштитита и грижата за најмладите останува еден од главните приоритети на Владата и Министерството за труд и социјала.

Потврда за тоа е изградбата на нови градинки во пет општини со кои се потпишаа договори за грантови за нивна изградба во вредност од 228 милиони денари или 3.7 милиони евра.

Со потпишување на овие договори се отвора простор за 760 нови деца.

Нови градинки ќе се градат во Крива Паланка, во Ѓорче Петров и Струмица, а ќе се адаптираат нови простории во Боговиње и Ресен“, соопштуваат од СДСМ.

„Зголемувањето на буџетот на Министерството за 300 отсто за оваа година наменет за нови градинки и подобрување на квалитетот на предучилишното образование е потврда дека детската заштита е подигната на многу повисоко ниво.

Истовремено, покрај инвестирањето во нови градинки, се инвестира и во човечките ресурси односно лицата кои се задолжени за грижа и воспитување на најмладите. Преку зголемување на платите и јакнење на компетенциите на кадарот во градинките градиме вистински квалитетно предучилишно образование.

Со изградба на нови објекти, предвидено е да се креираат дополнителни 7.500 места во установите за згрижување и воспитание на деца и со тоа да се подигне опфатот на децата од 3-6 години на 50 отсто“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ со прашање до ВМРО: „Дали сте вие нормални?“

ВМРО-ДПМНЕ: Бидејќи СДС викаат дека Филипче не е во Дубаи, да ги прашаме дали изиграва елита со Заев по луксузните алпски зимски центри Сент Мориц и Гармиш-Партенкирхен

Горан Наумовски

СДСМ: Кога ќе ја објавите фотографијата од Дубаи, лажговци?

СДСМ: Последната фаза од кампањата на ВМРО – Репресија и политички прогон

Горан Наумовски

СДСМ: Следите, а не објавуваве фотографии од Дубаи, затоа што ги нема

Политичка прозивка од ВМРО-ДПМНЕ: Нова година по дубајско време