СДСМ: Пецаков треба да одговара, наместо да се заканува со тужби

Од:

„Пецаков треба да одговара, наместо да се заканува со тужби, Мицкоски да каже дали го поддржува неговото неодговорно постапување. Без ниту малку срам, градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков наместо да се извини, се заканува со тужби“, се вели во реакцијата на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Факт е дека Пецаков додека чекал резултати од тест за Ковид 19, наместо во изолација, беше помеѓу граѓаните на Водици.

Факт е дека Пецаков, според надлежните институции има решение за изолација.

Факт е и дека Пецаков на Водици, беше заедно со Христијан Мицкоски на литургија во црква.

Наместо да покажат минимум одговорност и совест и да им се извинат на охриѓани, Пецаков се заканува со тужби за наводно монтиран случај, а Мицкоски го нема да објасни дали застанува во заштита на неговиот охридски градоначалник.

Пецаков треба да одговара како и секој поединец кој свесно крши протоколи и го загрозува јавното здравје“, се додава во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он