СДСМ: Партиските послушници на Груевски во Уставниот суд немаат кредибилитет да одлучуваат непристрасно и законски

Од:

„Покрај бројните реакции на јавноста, граѓаните, експертите, професорите по уставно право, партиските послушници на ВМРО-ДПМНЕ во Уставниот суд продолжија да ги туркаат партиски диригираните одлуки.

Партиските послушници на Никола Груевски во Уставниот суд немаат морален ниту правен кредибилитет да одлучуваат непристрасно и законски за изборните измами.

Поради партиска поврзаност со ВМРО-ДПМНЕ, кај судиите во Уставен суд, Елена Гошева и Јован Јосифовски, постои конфликт на интереси и тие треба да поднесат оставки на функциите.

Ќерката на Елена Гошева, Слободанка е директорка за регулатива и големопродажба во Телеком, каде што главен извршен директор е Жарко Луковски, кумашин на Сашо Мијалков.

Слободанка Гиевска односно Гошева била потпретседателка на подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ, УМС.

Сопругот на Слободанка е Игор Гиевски, поранешен претседател на УМС на ВМРО- ДПМНЕ, сега член на Управниот одбор на ЕВН, именуван од владата.

Нејзиниот татко, односно сопругот на Елена Гошевска, Ѓорѓи Гошев, бил поранешен директор на Студентскиот центар, назначен од ВМРО-ДПМНЕ.

Другата ќерка на Елена Гошева, Бојсна Гошева, работи во Агенција за електронски комуникации.

Но, овде не застануваат партиските инсталации на ВМРО-ДПМНЕ во Уставниот суд.

Јован Јосифовски и неговото семејство се исто така тесно поврзани со ВМРО-ДПМНЕ.

Од 2006-та до 2011 година Јосифовски бил претседател а и член на Државната изборна комисија предложен од ВМРО-ДПМНЕ. Како член на ДИК, Јосифовски учествувал во избори што се предмет на кривично-правна истрага за изборни нерегуларности.

За Уставен судија, Јосифовски е предложен од Илија Димовски, односно од ВМРО-ДПМНЕ и во отсуство на пратениците од опозицијата е избран во 2012 година.

Дополнително, синот на судијата Јован Јосифовски, Борис, е генерален секретар во Кабинетот на Ѓорѓе Иванов, од ВМРО-ДПМНЕ.

Срамната одлука на Уставниот суд не може и нема да го заштити Никола Груевски и неговите соработници од изборниот криминал.

Секој што го прекршил законот ќе одговара“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он