СДСМ: Партиските испостави во судството нема да го спасат Груевски од одговорност

Од:

„Попусто Никола Груевски се обидува да ја попречи правдата. Вистината излезе на виделина.

Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за измена на Законот за кривична постапка е уште една потврда за стравот на Груевски од соочување со одговорноста за криминалот и изборните измами.

Ниту еден поставен судија „од тефтерчето“, ниту една судска одлука од партиските послушници на Никола Груевски нема да ги спаси од одговорност за криминалот и злосторството врз граѓаните на Македонија.

Со објавувањето на стотиците илјади спорни и фантомски гласачи во Избирачкиот список се потврди изборниот криминал на Никола Груевски.

Срамната одлука на Уставниот суд е признанието за изборниот грабеж.

Ниту партиските испостави во судството нема да го спасат Никола Груевски од одговорноста. Секој што го прекрши законот ќе одговара.

Јавноста веќе е запознаена за партиската поврзаност на Елена Гошева, Јован Јосифовски и Никола Ивановски со ВМРО-ДПМНЕ.

За братот на судијата Ивановски е поднесена кривична пријава пред три години, а се уште не се знае ништо за неа.

Ќерката на претседателката на Уставниот суд, Елена Гошева, Слободанка е директорка за регулатива и големопродажба во Телеком, каде што главен извршен директор е кумашинот на Сашо Мијалков, Жарко Луковски.

Слободанка Гиевска односно Гошева била потпретседателка на подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ, УМС.

Сопругот на Слободанка е Игор Гиевски, поранешен претседател на УМС на ВМРО- ДПМНЕ, сега член на Управниот одбор на ЕВН, именуван од владата.

Нејзиниот татко, односно сопругот на Елена Гошевска, Ѓорѓи Гошев, бил поранешен директор на Студентскиот центар, назначен од ВМРО-ДПМНЕ.

Другата ќерка на Елена Гошева, Бојана Гошева, работи во Агенција за електронски комуникации.

Јован Јосифовски и неговото семејство се исто така тесно поврзани со ВМРО-ДПМНЕ.

Од 2006-та до 2011 година Јосифовски бил претседател а и член на Државната изборна комисија предложен од ВМРО-ДПМНЕ. Како член на ДИК, Јосифовски учествувал во избори што се предмет на кривично-правна истрага за изборни нерегуларности.

За Уставен судија, Јосифовски е предложен од Илија Димовски, односно од ВМРО-ДПМНЕ и во отсуство на пратениците од опозицијата е избран во 2012 година.

Дополнително, синот на судијата Јован Јосифовски, Борис, е генерален секретар во Кабинетот на Ѓорѓе Иванов, од ВМРО-ДПМНЕ.

Се е јасно. Срамната одлука на Уставниот суд не може и нема да го заштити Никола Груевски и неговите соработници од одговорноста за изборниот криминал. Секој што го прекршил законот мора да одговара“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он

(ВИДЕО) Наумоски: Договорот за Михаилова е само еден случај од многуте – одговорност од Тошковски затоа што никој не одговара!

СДСМ: Мицкоски го штити Тошковски, а граѓаните гледаат театар наместо одговорност за бегството на Михајлова

Горан Наумовски

СДСМ: Клековски се прави како да не е од тука, Ива Михаилова избега зашто Тошковски ја пушти, Муцински договори, а Мицкоски одобри

Горан Наумовски