СДСМ: Партиските испостави на Груевски во Уставниот суд се директно поврзани со медиумските курири

Од:

„Срамната одлука на Уставниот суд е признание на изборниот грабеж и потврда дека Никола Груевски се плаши од соочување со одговорноста.

Никола Груевски се плаши од вистината.

Партиско-фамилијарните испостави на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски во судството се директно поврзани и со контролата врз медиумските курири.

Слободанка Гошева Гиевска, ќерка на претседателката на Уставниот суд Елена Гошева, е директорка за регулатива и големопродажба во Телеком.

Три недели нема одговор на прашањето дали оваа позицијата во Телеком е награда за Слободанка Гошева Гиевска за послушноста на нејзината мајка, Елена Гошева?

Особено што главен и извршен директор во Телеком е кумашинот на Сашо Мијалков, Жарко Луковски.

Јавноста дозна за поврзаноста на радиото Слободна Македонија со фирмата НВСП на Владислав Стајковиќ, близок до братучедот на Груевски, Сашо Мијалков.

Преку медиумскиот мрак Никола Груевски сака да ја сокрие вистината дека фамилијата, години наназад, не само што ги крадела парите на граѓаните туку го краделе и правото на слободен глас, правото на слободен избор.

Сопственик на фирмата НВСП, основач на СГС, е Владислав Стајковиќ којшто е во блиска релација со кумашинот на Мијалков, Луковски.

Стајковиќ е овластено лице и на фирмата „Мобико ДООЕЛ“, каде што газда е токму Жарко Луковски.

“Курир”, “Република” и “Радио слободна Македонија” се три провладини медиуми, коишто за три години оствариле приходи од 3 милиони евра.

Затоа овие медиуми ги бранат партиски диригираните одлуки на Уставниот суд во одбрана на изборниот криминал бидејќи се потврди дека Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ги краделе изборите.

Тоа е уште еден доказ зошто е потребна реформа за слободни медиуми“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски

СДСМ: Гостивар не заборава – додека граѓаните се труеја, Мицкоски славеше

Горан Наумовски

СДСМ: Додека луѓе умираат од западнонилска треска – во Драчево организираат кино на отворено

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

(ВИДЕО) Петрушевски: Талогот од СДС остана без политика, па измислува кризи, фактите ја рушат нивната паника

Горан Наумовски