СДСМ: Партиски поврзаните судии со ВМРО-ДПМНЕ да поднесат оставки

Од:

„Партиските послушници на Никола Груевски во Уставниот суд немаат морален ниту правен кредибилитет да одлучуваат непристрасно и законски.

Поради партиска поврзаност со ВМРО-ДПМНЕ, кај судиите во Уставен суд, Елена Гошева и Јован Јосифовски, постои конфликт на интереси и тие треба да поднесат оставки на функциите.

Ќерката на Елена Гошева, Слободанка, е директорка за регулатива и големопродажба во Телеком, кадешто главен извршен директор е кумашинот на Сашо Мијаков, Жарко Луковски.

Слободанка Гиевска односно Гошева била потпретседателка на подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ, УМС.

Сопругот на Слободанка, Игор Гиевски, е поранешен претседател на УМС на ВМРО- ДПМНЕ, сега член на Управниот одбор на ЕВН, именуван од владата.

Ѓорѓи Гошев, маж на Елена Гошева, бил поранешен директор на Студентскиот центар, назначен од ВМРО-ДПМНЕ.

Другата ќерка на Елена Гошева, Бојсна Гошева, работи во Агенција за електронски комуникации.

Но, овде не застануваат партиските инсталации на ВМРО-ДПМНЕ во Уставниот суд.

Судијата Јован Јосифовски и неговото семејство се исто така тесно поврзани со ВМРО-ДПМНЕ.

Од 2006-та до 2011 година Јосифовски бил претседател и член на ДИК од ВМРО-ДПМНЕ. Како член на ДИК, Јосифовски учествувал во избори што се предмет на кривично-правна истрага за изборни нерегуларности.

За Уставен судија, Јосифовски е предложен од Илија Димовски, односно од ВМРО-ДПМНЕ и во отсуство на пратениците од опозицијата е избран во 2012 година.

Дополнително, синот на судијата Јован Јосифовски, Борис, е генерален секретар во Кабинетот на Ѓорѓе Иванов, од ВМРО-ДПМНЕ.

Да имаа Елена Гошева и Јован Јосифовски морален, личен и професионален интегритет самите ќе поднесеа оставки или ќе се иземеа од одлучување.

Срамната одлука на Уставниот суд не може и нема да го заштити Никола Груевски и неговите соработници од изборниот криминал.

Секој што го прекрши законот ќе одговара“, реагираат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски ги поништува реформите – сака целосна партизација и контрола на безбедносните служби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он

(ВИДЕО) Наумоски: Договорот за Михаилова е само еден случај од многуте – одговорност од Тошковски затоа што никој не одговара!