СДСМ: Папагалски лаги, Лефков и ВМРО-ДПМНЕ да престанат да лажат за Филипче

Од:

Лефков и ВМРО-ДПМНЕ или треба да ги докажат обвинувањата или треба да престанат да лажат за претседателот на СДСМ. Една иста повторена или фабрикувана лага која како папагали ја повторуваат не може да стане вистина, ако на тоа се надева Лефков, реагираат од СДСМ на прес конференцијата на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ.
– Ова е лоша копија на старото ВМРО-ДПМНЕ кое не се занимава со потребите на граѓаните туку со црна кампања против опозицијата. Откако Владата ја наполнија со инкриминирани кадри, од Игор Јанушев до Коце Трајановски ВМРО-ДПМНЕ и Лефков немаат никаков легитимитет да зборуваат за криминал и корупција. Половина од членовите на раководство имаат дебели криминални резимеа, од насилници до организирани криминалци. Тоа што ВМРО-ДПМНЕ демонстрира голем страв кон претседателот Венко Филипче само потврдува дека СДСМ се менува во правилна насока, се вели во реакцијата од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски лаже дека СДСМ донела одлука за влез на Алта банка

(ВИДЕО) Надзорна расправа: Со одлука на владата на СДСМ во 2023 бил дозволен влез на Алта банка, вели Мицкоски

(ВИДЕО) Филипче: Кој е Мицкоски да продава банки и кој би купил пропадната банка

ВИДЕО: Дуел на Мицкоски и Филипче на пратенички прашања

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: Балканскиот криминален октопод се руши, по Вучиќ и Орбан следен ќе биде Мицкоски